ИМА ЛИ ЈАТАК? КОЈ ГО КРИЕЛ ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ХРВАТСКИОТ РАКОМЕТАР - Ременски очекува да биде приведено и четврто лице
Професорката на Факултетот за безбедност и поранешен висок функционер, Фросина Ременски, очекува дека во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот треба да биде приведен и четвртоосомничен, за петдневно прикривање или помагање на сторителот.
„По вчерашното предавање на првосомничениот за убиство на ракометарот Денис Тот на полицијата во ПС Аеродром, според полициската и првната логика требало да има и приведување на четвртоосомничен/ни соучесник за петдневното прикривање или помагање на сторител на кривично дело убиство барано по распишана потерница.
Има ли јатак? Не видов дека има информација за такво нешто од надлежните или одговор зошто не е сторено тоа.
По претпоставка дека, лицето во чиишто објект се криел осомничениот го пријавил осомничениот на надлежните има олеснувачка околност, која не исклучува одговорност. Но, доколку тоа лице е идентификувано како сведок на настанот пред ноќниот клуб за време на критичниот настан, тогаш тоа воопшто не е олеснувачка околност.
Убаво е ова да се објасни на јавноста, особено на стручната наша и странска, за да нема дилеми кои не се дилеми ако се соопштат навремено.
Сепак овој случај е Криминалистички од Категорија А“, пишува професорката Ременски на својото фејсбук пропфил.
Слично
