Има ли инвеститори за голф терени во Зелениково и во Дојран?
Владата ќе распише повик за заинтересирани инвеститори подготвени да вложат во изградба на голф терени во Зелениково и Дојран. Повикот за Зелениково ќе биде објавен до крајот на месецов, а за Дојран - до крајот на годината, објави Сител.
Веќе се отпочнати постапките за урбанизација и отуѓување на градежното земјиште во овие општини. Спроведените истражувања на географската локација и климата покажале дека токму Зелениково и Дојран имаат идеални услови за голф игралишта.
„Со евентуалната реализација на овие проекти би се создале дополнителни содржини за развој на туризмот, што ќе придонесе за поголема посета на Република Македонија од странски туристи и зголемен девизен прилив“, изјави владиниот портапол Александар Ѓорѓиев.
Во Зелениково теренот би се простирал на површина од 65 хектари, а во Дојран на околу 60 хектари.
Слично
