Има ли Груевски фаворит за претседател на ВМРО-ДПМНЕ?
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во сабота треба да ја потврди одлуката за вонреден конгрес на кој треба да се констатира оставката на Никола Груевски.
По скоро 15 години Груевски ќе си замине од лидерската позиција.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски, ветува транспарентна постапка во изборот на неговиот наследник. Но, не сака да одговара на прашањето кој од можните кандидати е негов фаворит.
Јавноста шпекулира со четворица кандидати кои би можеле да го наследат Груевски, како Христијан Мицковски, Илија Димовски, Антонио Милошоски и Никола Тодоров.
Конгресот ќе се одржи на 23 декември.
Слично
