Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има ли детали за шверцот со кокаин?

Има ли детали за шверцот со кокаин?

Полицијата не излезе со детали, а молчи и обвинителството за шверцот со кокаин. 

Судот синоќа одлучи на актерката Силвија Стојановска да ѝ одреди куќен притвор.

За истиот случај во затворот Шутка на издржување притвор е однесен нејзиниот партнер Војислав Будисављевиќ кој во 2010 година беше осуден заедно со скопјанката мадам Пепи –која кривично одговараше за шверц на кокаин и брендирана облека.

Дел од шпанските медиуми пишуваат дека станува збор за добро организирана група која подолг период е внимателно следена, вклучувајќи ги и финансиските трансакции, притоа нагласувајќи дека поголеми количества на дрога се пронајдени во повеќе градови во Шпанија.

Стојановска, вчера при излегување од Кривичниот суд, откако даде исказ, на прашањето дали е приведена поради дрога само кратко одговори „Боже, боже“.

Станислава Чочоровска, на која своевремено од српските медиуми ѝ беше даден епитетот „Кралица на кокаинот“, синоќа се стави во одбрана на актерката Силвија Стојановска. Таа без да наведува имиња на социјалните мрежи и порача на јавноста да не носи предвремени судови.

Слично

Поврзани вести