Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има иницијативата поднесена до ОЈО со која се бара ревизија на обвинението за случајот „Пулс“

Има иницијативата поднесена до ОЈО со која се бара ревизија на обвинението за случајот „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ поднела иницијатива до Основното јавно обвинителство со барање да се ревидира обвинението, објави ТВ24. Иницијативата се однесува на правната квалификација и обемот на одговорност што им се става на товар на обвинетите.

Според бранителите, сегашното обвинение е премногу широко и не прави јасна разлика меѓу директна и индиректна одговорност, поради што бараат обвинителството повторно да ги преиспита доказите и правната квалификација. Тие сметаат дека дел од обвинетите не можат да се доведат во причинско-последична врска со трагедијата и дека обвинението се темели на, како што велат, нецелосно утврдени факти.

Во иницијативата се наведува дека вистинските причини за пожарот се недозволената употреба на пиротехника, незаконското работење на објектот и системските пропусти во контролата, а не постапките на сите лица опфатени со обвинението. 

На 16 март лани во пожарот во Кочани загинаа 63 луѓе, а повредени беа околу 200.

Слично

Поврзани вести