Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има или нема пари за кандидатите полицајци кои протестираа дeнеска пред МВР?

Има или нема пари за кандидатите полицајци кои протестираа дeнеска пред МВР?

Откако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на 34-те кандидати за полициски приправници кои протестираа пред МВР им објаснил дека проблемот со нивното примање е во Министерството за финансии кое не давало пари за нив, со реакција се јавија од МФ.

- За да излезам во пресрет на вашите барања, а и затоа што МВР има потреба од ваков кадар, за чија обука се потрошени соодветни средства, побарав согласност од министерот за финансии за ваше ангажирање, но од таму добив негативен одговор. Јас уште еднаш ќе го доставам барањето до Министерството за финансии, а ќе доставам барање и за 54 кандидати од последната обука, кои исто така не се ангажирани. Веднаш штом добиеме согласност од министерот за финансии, ќе бидете ангажирани, рече министерот Спасовски.

Министерството за финансии ги демантираше тврдењата дека не обезбедило пари за плати за овие кандидати за полициски приправници и потврдија дека всушност има обезбедено средства за сите кандидати, а вработувањата треба да ги спроведе МВР.

По ова со реакција излегоа од Министерсвото за внатрешни, од каде велат дека доколку Министерството за финансии има било каков доказ дека одобрило средства за плати за овие 34 кандидати за полицајци, „бараме истиот да и го стави на увид на јавноста и МВР веднаш ќе пристапи кон нивно работно ангажирање“.

Во саботата беше промовирана последната класа од 654 кандидати за полицајци. Од нив по приправничкиот стаж од 9 месеци ќе бидат вработени вкупно 600 нови полицајци.


Слично

Поврзани вести