ИМА И ЗВУЧНИ ИМИЊА НА ФУНКЦИОНЕРИ ЗА КОИ СЕ ПОЧНАТИ ПОСТАПКИ - Кабинетот за добро владеење на Грковска ги испраќа сите сомнежи до надлежните институции
Има и звучни имиња на функционери за кои Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, испратиле до институциите наводи за можно коруптивно однесување, а тие почнале постапки.
Овие сомневања Кабинетот ги добива или преку граѓаните, преку Кол центар за таа намена, или преку соработката со ДКСК, ДЗР или граѓанскиот сектор.
Во интервју за Фактор, Грковска откри повеќе детали за битката на нејзиниот кабинет со корупцијата.
„За еден акт имаме добиено повратно дека е веќе постапено, а за неколку други случаи имаме добиено повратно дека е почнато да се работи. Не знаеме каков ќе биде ауткамот, бидејќи ние тука не сме, ниту пак сакаме да бидеме доведени во ситуација ние да проценуваме дали за некого може да биде покрената постапка или не. За тоа си има институции надлежни за тоа и јас исклучително се залагам за почитување на нивнта независност, како и за конкретна одговорност на секоја од нив“, вели Грковска за Фактор.
На нашето прашање дали од овие случаи кои Кабинетот ги испратил и за кои надлежните институции имаат почнато постапки, има и некои звучни имиња, вицепремиерката одговори потврдо.
Нивните имиња не се откриваат се додека трае истрагата.
