Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има и жртва - во пожарот во Велес настрадал сопственикот на куќата

Има и жртва - во пожарот во Велес настрадал сопственикот на куќата

Во пожарот кој синоќа избувна во куќа во велешката населба Варналиите, загинало едно лице. Првичните информации говорат дека загинал сопственикот на куќата, на возраст од околу 80 години. Куќата што изгорела е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век.

Пожарот избувна околу 23 часот. Од скопската Пожарна беа испратени три возила со екипи да се борат со огненената стихија. Помагале и пожарникари од другите соседни градови.

Денеска се очекува јавен обвинител да изврши увид за да се утврдат причините за настанување на пожарот.


Слично

Поврзани вести