Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА И ТОА: Влегла да гласа со маска од партија, а потоа им викала и на полицајците

ИМА И ТОА: Влегла да гласа со маска од партија, а потоа им викала и на полицајците

Околу 13,15 часот на гласачко место бр.„2695“ во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција, бидејќи една жена влегла на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакала да ја смени. 

При доаѓање на полициски службеници таа веднаш ја сменила маската и и било овозможено да гласа, а од страна на полициските службеници е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје. 

Таа, како што соопштува МВР, почнала на висок тон да се расправа со полициските службеници, по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, но таа одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир. 

„Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“  и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“  од ЗППЈРМ“, се вели во соопштението од МВР. 

МВР регистрирале и други инциденти, но во принцип, се оценува дека изборниот ден се одвива мирно. 

Слично

Поврзани вести