Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има и или не радиоактивен отпад на Дриса, Шилегов наскоро ќе открие

Има и или не радиоактивен отпад на Дриса, Шилегов наскоро ќе открие

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов соопшти дека наскоро ќе излезат со податоци и со цел концепт за депонијата „Дрисла“ во која, како што рече, има индиции за сериозни криминали дури и шпекулации дека се гори радиоактивен отпад.

Во интервју за телевизија Телма Шилегов рече дека во тек е инспекциски надзор и се издадени одредени насоки до државните инспектори и дека за него како градоначалник во овој момент е да воспостави целосна контрола над тој градски капацитет.

- Ги отвораме процесите, „Дрисла“ беше табу-тема, не можеше да се дојде до податок. Советничката група на СДСМ во изминатиот состав не можеше да дојде до извештајот за работата. Сега, кога можеме да располагаме со одредени податоци, сакаме да го решиме проблемот во корен - истакна Шилегов.

Околу Дрисла коментираше и премиерот Заев кој вели пак, дека таму не се гори радиоактивен отпад и најверојатно тоа се шпекулации.

Слично

Поврзани вести