Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ДОЛГОРОЧНО И КРАТКОРОЧНО РЕШЕНИЕ: Министерството за здравство ќе треба да ја санира оградата на потпорниот ѕид зад Детската клиника

ИМА ДОЛГОРОЧНО И КРАТКОРОЧНО РЕШЕНИЕ: Министерството за здравство ќе треба да ја санира оградата на потпорниот ѕид зад Детската клиника

Министерството за здравство ќе треба да ја санира оградата на потпорниот ѕид зад Детската клиника, а потоа следува решавање на подземните води, велат од Центарот за управување со кризи(ЦУК). 

Има долгорочно и краткорочно решение на проблемот што настана откако се урна дел од потпорниот ѕид на улицата „Белградска“ зад Клиниката за детски болести во Скопје. Долгорочното решавање на проблемот може да трае со години, па дури и цела деценија, а краткорочното решавање може да заврши до крајот на летото.

„Каптирањето вода е сериозен проблем, потребна е и финансиска конструкција, дали тоа се мери со милиони денари или со милиони евра, не би можел јас да одговорам. За тоа треба да има една поголема студија. Сеопфатно решение на целокупната каналска мрежа секако ќе чини многу. Но, стручните служби треба да го кажат тоа. Цената е само еден сегмент од заштитата на животната средина и материјалните добра“, вели Драги Тарчуговски од ЦУК.

Ова денеска го заклучиле претставниците од ЦУК, Градот Скопје и Општина Центар на заедничка координативна средба.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска изјави дека треба да одржат состанок со претставници од Општината Центар, за да видат со каква документација се располага, па потоа да видат какви финансиски импликации ќе имаат.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов пред една недела алармираше дека падна дел од ѕидот кај Детска клиника. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести