Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ДОГОВОР: Ковачевски кажа кога ќе гласаме

ИМА ДОГОВОР: Ковачевски кажа кога ќе гласаме

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека Владата успеала да креира стабилност, извесност и предвидливост, со оглед дека првпат после долго време ќе имаме редовни, а не предвремени парламентарни избори. 

После денешното одржување на лидерската средба, премиерот порача дека редовните претседателски избори има простор да се одржат на крајот на април, а редовните парламентарни на почетокот на мај.

Ковачевски предложил на 24-ти април да бидат првиот круг претседателски избори и 8-ти мај за втор круг претседателски и воедно парламентарни избори.

„На средбата заклучивме дека редовните избори ќе се одржат на тие датуми. Техничка влада ќе има од 28 јануари и законската обврска ќе се исполни, како и коалицискиот договор со ДУИ“, кажа Ковачевски.

Сто дена пред изборите ќе биде формирана техничка влада, пришто според коалициониот договор, премиерот ќе биде од редовите на ДУИ.

Слично

Поврзани вести