Има благи симптоми: Вицепремиерот Николовски е позитивен на коронавирусот
Вицепремиерот Љупчо Николовски е позитивен на коронавирусот.
Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси соопшти денеска дека имал благи симптоми.
„Поради лесни симтоми направив КОВИД-19 тест и резултатот е позитивен.
Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите.
Чувајте се. Вирусот наоаѓа начини, но заедно ќе го победиме, напиша Николовски на фејсбук.
Минатата недела позитивен тест имаше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој се уште е дома.
Од владините министри позитивен беше и министерот за внатарешни работи Оливер Спасовски, но тој беше и хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.
Слично
