Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ИМА 20 ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПОДМЕТНУВАЊАТА НА ПОЖАРИ“: Мицкоски вели дека Тошковски не го демантирал за центрите на моќ

„ИМА 20 ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПОДМЕТНУВАЊАТА НА ПОЖАРИ“: Мицкоски вели дека Тошковски не го демантирал за центрите на моќ

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа дека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски го демантирал во телевизиско интервју во кое вели дека засега не може да се докаже поврзаност или организација помеѓу настанатите пожари.

„Јас не би навлегувал во првичната конструкција дека ме демантирал министерот. Видовте утрово јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект кој што изби утрово. Бев континуирано на линија и со градоначалникот на Кисела Вода и со министерот за внатрешни работи и со луѓето од противпожарната единица на Град Скопје. Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е уште еден доказ дека за жал постојат центри на моќ кој што се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите. Одговорот на прашањето кому тоа му одговара, мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите, ако направите“, рече Мицкоски.

Повторно кажа дека постојат структури кои на овој начин сакаат да внесат нестабилност.

„Додека сум во Јегуновце, заседава врвот на структурите на МВР. Идентификувани се отприлика 20-тина лица за кои постојат сомневања дека стојат зад овој процес, истовремено, имавме одредени дојави кои ги собиравме изминативе денови и во координирана акција, МВР и Министерството за животна средина ќе постапува во деновите кои што следат. За жал има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир. Но како што кажав, тие ќе конструираат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме и ќе победиме“, вели Мицкоски.

Слично

Поврзани вести