Има 16 години и заработува 300.000 евра од дома
Повеќето тинејџери компјутерите ги користат за играње на игри, но не и 16 годишниот Џош Бел.
Тој времето го искористи за основање на меѓународна компанија од својата соба.
Ова момче од Англија ја основало туристичката компанија Трла хотелс и лани заработил скоро 300.000 евра.
Сам научил програмирање, направил свој сајт, направил мрежа од контакти, соработува со 90.000 хотели и бизнисот од ден во ден му оди се подобро.
„Отсекогаш се интересирав за ИТ, тоа е нешто што навистина сакам да го работам“ - вели тој.
Ја има поддршката од родителите и тие не можат да веруваат колку е успешен.
„Доста разговараме со родителите за ова и ми даваат да работам како што сакам. Мојот брат Овен се понуди да работи за мене, но кога му давав конкретна задача се предомислуваше“ - раскажува Бел.
Неговите се загрижени и за тоа колку е безбеден со она што го работи, но веруваат дека може да се снајде. Ова младо момче сега се подготвува за на колеџ.
