Им земал пари, но не им нашол работа во Германија
Двајца мажи од Битола се измамени за работа во Германија.
Битолчани на возраст од 37 и 45 години во полицијата пријавиле дека се измамени. Едно лице им ветувало работа во Германија, но тоа не се случило.
„Тие во повеќе наврати уплатиле сума од околу 12.000, односно 20.000 денари кон одредена фирма со уверување дека уплатуваат за трошоци за вработување во Германија, но и покрај тоа досега не им била понудена работа“, соопштија од полицијата
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Слично
