ИМ СЕ ЗАКАНУВА КАЗНА ДО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР: Македонските џихадисти признаа вина, пресуда ќе падне денеска
Седум државјани на земјава се изјасниле виновни за придружување на Исламска држава и борба во нејзините редови во Сиријаи Ирак.
Мажите, на кои им се суди во Кривичен во Скопје , минатиот август во Сирија ги уапсиле припадници на меѓународната коалиција, која се бори против Исламска држава.
Тие подоцна им се предадени на македонските полициски и правосудни институции, пренесуваат медиумите.
Како што се наведува, сите се обвинети за активно учество во екстремистичката група, додека еден наводно директно е регрутиран за Исламска држава.
Ако бидат осудени тие се соочуваат со затворска казна до пет години. Обвинителство соопшти дека пресудите ќе бидат објавени денеска.
Властите велат дека повеќе од 130 државјани на земјава и се придружиле на Исламска држава.
