Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош
Центарот за управување со кризи извести дека неколку лица враќајќи се од настан на „Царев Врв“ на Осоговски планини имале дефект на возилото и истите барале помош.
Денеска попладне во 16.15 часот повикот стигнал од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, по што даден е совет лицата да се јават на бројот 112 за да се утврди нивната локација.
„Откако се лоцирани, лицата се пронајдени во добра состојба и истите со возило на ДСПС „Осогово“ се вратени во викенд населба ,,Пониква”.
Нивното возило заради дефект е оставено на местото каде се најдени и дополнително ќе го отстранат сопствениците“, извести ЦУК.
Слично
