ИМ СЕ ПРИКЛУЧУВА НА МАКСИМ, ТАРАВАРИ И ОСМАНИ: И Стевче Јакимовски ги собра потписите
Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски денеска ги собра потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.
Како што изјави Јакимовски за Канал 5, до денеска собрал над 10.300 потписи, со што го исполнил цензусот за неговата кандидатура за претседател на Македонија. Според последните информации од ДИК најблиску до потребните 10.000 потписи е и професорката Билјана Ванковска. Јакимовски ќе им се придружи на Максим Димитриевски, Арбен Таравари и Бујар Османи кои веќе обезбедија влез во претседателската трка.
Слично
