Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Им се извинувам на граѓаните што мислев дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си“: Арсовска со контра реплика до премиерот

„Им се извинувам на граѓаните што мислев дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си“: Арсовска со контра реплика до премиерот

Мицкоски НЕСРЕЌО, јас завршувам со борбата во која ТВОЈОТ претседател на совет на Град Скопје и ТВОИТЕ советници 4 години го блокираа и урнисаа градот:

- не гласаа за нови автобуси,

- не гласаа за бесплатен превоз,

- не дозволија да се набави нова механизација за да се чисти ѓубрето,

- не гласаа ништо во интерес на граѓаните за да биде задоволена ТВОЈАТА СУЕТА.

Ни за вработување на НОВИ ПОЖАРНИКАРИ, ни за нови противпожарни возила им кажа да не гласаат!

Ова го објави денеска градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска на нејзината Фејсбук страна, како реакција на изјавата на премиерот поврзана со нејзиниот избор за градоначалничка на град Скопје. 
- Ако сакаше да има одговорност, требаше ТВОИТЕ СОВЕТНИЦИ да дадат оставка, за да сега ТИ ЗАЕДНО СО НИВ не си директно одговорен за хаосот во Скопје.

Еве сега и јас им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си.

Администрација во град Скопје јас не ја донесов, работев со луѓе кои се професионални, вредни и го сакаат градот за разлика од ВАС, тоа се луѓе кои ВИЕ и таквите како вас ги вработиле во изминатите 30 години - нагласува Аросвска на Фејсбук.
Потоа додаде дека „за крај, ТИ и ТВОЈАТА администрација имате одговорност затоа што

- над 60 деца без вина ви настрадаа во Кочани и ништо не превземате

- ви изгоре пола држава за да си прави некој простор за фотоволтаици

- ви изгоре отпад во Трубарево еко катастрофа пред очите на сите ТВОИ институции кои не реагираат

- убиства ви се случуваат пред очи секој ден

- убиваат жени кои ТЕБЕ и ТВОЈОТ министер Тошковски во очај ве молеле за помош“. 

- А одговорност за над 150 небезбедни нелегални дивоградби висококатници кои секој момент може да се срушат во Чаир ќе има ли? Оди скриј се и молчи!

Отпадот ќе се исчисти за една недела бидејќи ТЕБЕ ќе ти треба успешен градоначалник, фирмичките приватни ви се подготвени за акција, ама животите и здравјето на невините за кои си ТИ одговорен нема да ти ја исчистат совеста!

П.С Луке брзо смислувај нов постер за Мицкоски да дефокусира, глуми жртва и бега од новинарски прашања! - заклучи Аросвска. 

Еве ја нејзината објава: 


Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговарајќи на новинарски прашања, на прашањето дали чуствува одговорност за неподигањето на сметот во Скопје од страна на Комунална хигиена и дека градоначалничката Данела Арсовска беше поддржана од коалицијата на ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски, кажа дека повеќе пати се извинил за тоа што ја поддржале како независен кандидат.

- Дали чуствувам одоговорност што сум ја поддржал тогаш независната кандидатка, сум го кажал најмалку 10 пати. Да чуствувам и сум се извинил најмалку 10 пати. И еве повторно ќе кажам, се извинувам што тогаш застанав позади независниот кандидат Данела Арсвоска. 

И затоа сум го кажал тоа најмалку 10 пати дека таа грешка повеќе нема да ја повториме. Затоа на следните избори ќе победи Орце Ѓорѓиевски уште во првиот круг и како што самиот се обврза пред скопјани, во првите 72 часа ќе ги засука ракавите и ќе го исчисти Градот Скопје од смет - изјави Мицкоски.

Тој потсети на ситуацијата кога градоначалниците од скопските општини се самоорганизирале да го соберат сметот и оти одговорните тогаш во депонијата Дрисла ја затвориле портата, а градоначалниците добиле и кривични пријави.

- Простете ни, јас сум одговорен човек, претседател на Влада, претседател на најголемата политичка партија и неможам да дозволам и да жртвувам градоначалници кои се избрани од граѓаните за некој фрустрациите да ги покажува на нив - рече премиерот Мицкоски.


Слично

Поврзани вести