Економија, финансии, бизнис

Контакт

Им прекипе и на вработените па го изгаснаа светлото во 1ТВ

Им прекипе и на вработените па го изгаснаа светлото во 1ТВ

На иницијатива на вработените 1ТВ нема да се гледа во наредниот период. Телевизијата на првиот осомничен во случајот Рекет престана да емитува програма а истата ќе се соочи со одземање на дозволата доколку не продолжи емитувањето во наредните 30 дена.

Вработените на 1ТВ кон крајот на јули, откако Бојан Јовановски е уапсен, отидоа на колективен одмор, но набрзо се вратија за да се обидат да ја спасат телевизијата.

Неофицијално, телевизијата престанала да работи поради големите долгови и неможност да се покријат дури ни режиските трошоци.

Кабловската телевизија 1ТВ, чиј челник и неформален сопственик е Боки13, а формална фирма БЈМ медиа група на неговиот татко Миле и Јасна Мандиќ, почна да работи во март 2018.

Бојан во едно интервју објасни дека е вистински сопственик, но дека медиумот се води на неговиот татко, бидејќи неговата сметка е блокирана поради судска пресуда.

Бојан Јовановски беше приведен на 15 јули при обид да ја напушти државата.

Слично

Поврзани вести