Економија, финансии, бизнис

Контакт

Им починал близок, па кршеле во Ургентниот центар ГОБ „8 Септември“

Им починал близок, па кршеле во Ургентниот центар ГОБ „8 Септември“

Триесетина лица синоќа  ја искршиле влезната врата и внатрешните простории во Ургентниот центар ГОБ „8 Септември“ поради смрт на близок роднина и пријател.

Тие го зела со себе телото на починатиот. Од полицијата  велат дека околу 19 часот во болницата е донесено непознато лице кое лекарите се обиделе да го реанимираат, но по неуспешните обиди лицето починало. Луѓето кои дошле со него,  почнале да кршат се околу себе. Тие влегле дури и во просторијата за реанимација.

„Кршеа се пред себе, влегоа насилно и во собата за реанимација. Го земаа починатиот и со возило без регистарски таблички го однеле во непознат правец. Неколку екипи од МВР се уште вршат увид во болницата, се проверуваат снимките од камерите“- изјави директорот Сашо Стојчев.

Во инцидентот од синоќа нема повредени. 



Слично

Поврзани вести