Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМ НАМИГНУВА ЛИ НА ДУИ - Мицкоски вели: Можна е коалиција ако се усогласат програмите

ИМ НАМИГНУВА ЛИ НА ДУИ - Мицкоски вели: Можна е коалиција ако се усогласат програмите

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека по изборите се можни разговори за коалицирање со сите политички партии, но според принципот програма со програма, којшто, како што рече, не планираат да го менуваат.

„Животот не е игра, во животот има принципи кои ако еднаш се прекршат тогаш веќе не се принципи. И во име на тоа можам да ви кажам дека политиките што ги води ВМРО-ДПМНЕ се темелат на принципи и бидејќи овој принцип еднаш е прекршен, веќе кажавме дека идната коалиција ќе биде на база на програма со програма и тој принцип не го менуваме“, рече Мицкоски, коментирајќи ја можноста за коалицирање со Демократската унија за интеграција.

За коалицирање, истакнува Мицкоски, доаѓа предвид секој оној чијашто политичка програма ќе биде компатибилна со програмата на ВМРО-ДПМНЕ за којашто ќе се согласат на принципиелна основа и така ќе функционираат следните четири горидини.

„Ако во еден оркестар свирите на различни ноти, тогаш логично е дека оркестарот нема да биде допадлив за ушите на слушателите. Затоа велам, ако тие програми без оглед на која политичка партија се, допрат со програмите на ВМРО и обратно, не треба тоа да биде еднонасочна улица, сите политички партии доаѓаат предвид, вклучително и ДУИ“, прецизираше Мицкоски.

Од партијата на Али Ахмети, пак, најавуваат дека ќе има коалицирање на партиите што ќе бидат победници во македонскиот и во албанскиот политички блок.

Тие очекуваат да освојат 61 пратеник на 12 април, според нивните анализи се многу блиску до таа бројка. А веднаш по завршување на избороте, вели, се возможни разговори со сите политички чинители во државата вклучително и со новата коалиција меѓу Алијансата на Албанците и Алтернатива.

Слично

Поврзани вести