Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМ ФАЛАТ МАЈСТОРИ: Нивните заминаа за пет пати повисоки плати во странство

ИМ ФАЛАТ МАЈСТОРИ: Нивните заминаа за пет пати повисоки плати во странство

На Хрватите им фалат мајстори затоа што нивните заминаа во странство за пет пати повисоки плати. 

Сега работодавците за да ги задржат работниците мора да им даваат плата од 5000 до 6000 куни. 

Упатените велат дека на мајсторите со години им е тешко да опстанат во Хрватска. Работат од утро до мрак за да ги покријат трошоците и да им остане мала добивка. 

За неколку години се прогнозира дека во Осијек граѓаните нема да имаат мајстори кои ќе вршат основни поправки. 

Оние кои сега работат и се во поодминати години за неколку години ќе одат во пензија. 

Цената на трудот не може да се зголеми затоа што во тој случај услугите ќе бидат прескапи за граѓаните. 

Слично

Поврзани вести