Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село
Жена од кочанско село дала пари и накит на две други жени за да и ја тргнат магијата која и рекле дека и е направена. Откако им ја дала побараната сума и нактитот, тие си заминале, а таа случајот го пријавила во полиција.
„На 06.12.2025 во 17:00 часот во ОВР Кочани, 62-годишна жена пријави дека била измамена од две женски лица. Според пријавеното, во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и на оштетената и рекле дека и е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари. Откако им дала пари и личен накит, лицата си заминале“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слично
