Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илјадници Македонци тргнуваат на вакцинирање во Србија: Викендов нови дози во Врање и Ниш

Илјадници Македонци тргнуваат на вакцинирање во Србија: Викендов нови дози во Врање и Ниш

Во организација на Српскиот културен информативен центар Спона, за време на викендот - во сабота и недела, нова група од околу 800 граѓани на Македонија ќе биде вакцинирана против вирусот Ковид 19 во вакциналниот пункт на Здравствениот дом во Врање - во Спортската Сала на булевар АВНОЈ. Дополнително во оваа земја се вакцинираат и граѓани кои се организирале сами, но и такви кои се ревакцинираат.

Како и претходно и овојпат, имунизацијата во Врање беше координирана од Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Министерството за здравство на Србија. Тој, како што беше објавено завчера, побарал од Владата на Србија да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните од Северна Македонија во Србија.

Размислувањата се имунизацијата да биде спроведена во српските пунктови во Врање или Ниш, наместо да патуваат до Белград каде ја примиле првата доза.. Изминатиов период македонските граѓани се вакцинираа во Србија со вакцината на „АстраЗенека“, која што не е дозволена во С. Македонија за помлади од 60 години, но и со други вакцини.

На веб-страницата за ревакцинација, која неодамна беше отворена, се пријавиле околу илјада граѓани за ревакцинација во Србија. Весникот „Блиц“ објави дека, Македонците кои ќе сакаат да се вакцинираат во соседството, ќе можат да бираат меѓу четирите вакцини кои ги има во Србија – „Фајзер“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник В“.

Се претпосатвува дека во Србија досега се вакцинирани околу 20.000 македонски државјани.

На автопатот Коридор 10, во близина на граничниот премин Табановце, беше поставен билборд - „Благодарам Србија“ - заради донациите на вакцини против вирусот Ковид 19 за Македонија. Билборди порано беа поставени и во Врање.



Со одлука на Владата на Северна Македонија, во знак на благодарност на Србија за време на летната сезона, од 15 јуни до 15 август, српските возачи на патнички автомобили кои транзитираат низ оваа земја на автопатот Коридор 10, ќе бидат ослободени од плаќање патарина .


Слично

Поврзани вести