Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илјадници демонстранти се собираат пред Влада-сопонтаните собири со партиски обележја

Илјадници демонстранти се собираат пред Влада-сопонтаните собири со партиски обележја

Околу илјада граѓани и денеска излегоа на протести пред Влада, а според тврдења од терен има такви и кои пристигнуваат во моментов.

„За заедничка Македонија“ денеска протестира не само во Скопје, туку и во Куманово, Прилеп, Битола, Штип и Кочани.

Иако овие протести најпрво беа најавени како спонтани и непартиски, дел од медиумите пренесоа дека демонстрантите добивале пораки задолжително да се појават на демонстрации.

Забележливи се и партиски знамиња, а денеска се делеа и црвено - жолти шалови.

Протестите како што информиравме се против одлуката на опозицискиот лидер да составува влада со ДУИ и тоа што ја прифатил платформата на Албанците.

Меѓутоа, протестантите најверојатно никој не ги информирал дека истата таа платформа беше прифатена и од партијата на Никола Груевски.

Од ДУИ постојано укажуваат на фактот дека со ВМРО ДПМНЕ единствено не нашле заеднички јазик околу реформите во правосудството и продолжувањето на мандатот на СЈО.


Слично

Поврзани вести