Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илир Мета ќе шета низ Старата скопска чаршија и споменикот на Скендербег

Илир Мета ќе шета низ Старата скопска чаршија и споменикот на Скендербег

Албанскиот претседател Илир Мета денеска со своите домаќини ќе прошета низ Старата скопска чаршија по повод Денот на албанската азбука. Државниот шеф на Албанија деновиве беше актуелен со коментарите за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски и посетата на Битола.

Повод за посетата е Денот на албанската азбука и 550 години од постоењето на Ѓерѓ Кастриот - Скендербег, а тоа ќе биде одбележано со неколку активности.

Мета веќе е пристигнат и со почеток во 14 часот заедно со претседателот на Демократската унија за интеграција на Албанците, Али Ахмети, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, како и Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе биде во прошетка по Старата чаршија во Скопје, која ќе заврши пред мозаикот (Муралот) на плоштадот на Скендербег каде е предвидено положување на цвеќе пред споменикот. 

По повод Денот на азбуката, вечерва во македонската филхармонија претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на 110-годишнината од Битолскиот конгрес. Настанот е во организација на Секретаријатот за европски прашања.


Слично

Поврзани вести