Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илир Хасани: Откриената мутација во Македонија засега не влијае на растот на заболени

Илир Хасани: Откриената мутација во Македонија засега не влијае на растот на заболени

Заменик министерот за здравство, д-р Илир Хасани, денеска претпладне како поканет учесник во утринската емисија на Топ-чанел од Албанија рече дека откривањето на мутираниот вирус од британскиот сој во Македонија засега не влијае на забрзан раст на бројот на позитивни случаи од Ковид-19.

По откривањето на случај на британската мутација на Ковид-19, кој сега официјално го има во Македонија,  Хасани рече дека за властите е многу загрижувачки случај и момент, но досега нема промена во кривата на инфекцијата.

„Многу вознемирувачки случај, тој е многу вознемирувачки момент како и за сите други земји. Ние го идентификувавме во лабораторија. Во моментов не видовме никаква промена во бројот на случаи, но со оглед на тоа што е попренослива, треба да бидеме подготвени за зголемување на кривата“, рече заменик-министерот за здравство.

Понатаму тој додава дека епидемиолошката состојба во Македонија во моментов е стабилна. 

„Се надеваме дека ќе остане така. Одлуките за ограничувањата се донесени врз основа на епидемиолошката состојба, односно не само поради извештаите за новата мутација на Ковид-19 “рече Хасани.

Британската верзија на Ковид-19 се прошири во повеќе од 70 земји низ целиот свет. Според научниците, таа е побрзо пренослива од класичната варијанта на Ковид-19.

Британскиот премиер Борис Џонсон во изјава за медиумите рече дека оваа варијанта, покрај тоа што е попренослива, има и повисока смртност.


Слично

Поврзани вести