Илир Хасани: И во приватните болници тешко се наоѓа слободен кревет
Заменик-минситерот за здравство Илир Хасани вели дека едвај има слободни болнички кревети во приватните болници додека , забавите во кафулињата не запираат.
Поранешниот директор на ТОАРИЛУЦ преку социјалната мрежа Фејсбук повикува на поголема грижа и почитување на анти-ковид мерките.
„И додека болниците се преполни со пациенти поради компликации од Ковид19, па скоро и во приватните болници тешко се наоѓа слободен болнички кревет, сепак забавата не застанува во кафичи и кафеани.
Ова невнимание скапо ке не кошта.
Внимание, внимание, внимание додека не е многу доцна!“, напиша Хасани.
Слично
