Илинденска коњаница тврди дека Коцевски не им дозволил да преноќат во Велес
Членовите на Илинденската коњаница која традиционално секоја година маршираат со старт од скопско Лисиче до Крушево по повод годишнината од Илинденското востание, синоќа сакале да преспијат во Градскиот парк во Велес, но од таму велат дека тоа не им било дозволено од градоначаникот на општината, Аце Коцевски.
Претставникот на Илинденски марш вели дека не успеале да најдат заеднички јазик со градоначалникот, иако вообичаено било на рутатата кон Мечкин камен да се преноќи во градското јадро на Велес.
- Тоа што не најдовме заеднички јазик со градоначалникот е негов грев, не е наш. Знаат граѓаните дека градоначалникот не дава поддршка на оваа Коњаница, но важно е дека граѓаните со собраа во голем број, и ние сме горди на тоа што го правиме денес. Ова е голем ден за нас, рече еден претставник на Коњаницата.
Коњаницата наместо во Велес ноќта ја поминала во селото Теово.
