„ИЛИНДЕН, ТИ БЛАГОДАРАМ! ПОБЕДА ОД 10 СПРЕМА 1“: Георгиевски се пофали со убделива разлика
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски прогласи победа по денешното гласање на локалните избори.
- Илинден, ти благодарам!
Победа од 10 наспрема 1.
Над 6.400 гласови за Александар Георгиевски, наспроти 650 за Жика Стојановски (СДС) и 525 за кандидатот на Левица!
Вашата доверба која што ми ја доделивте денес е потврда за сработеното изминатите 4 години, но дадена поддршка за визијата и програмата која што ја понудив пред Вас.
Поддршка да продолжиме да го градиме Илинден каков што сите ние го посакуваме - Чист модерен и достоинствен!
Ви благодарам од срце! - напиша Георегиевски на Фејсбук.
Георгиевски е градоначалник на Општина Илинден избран на локалните избори во 2021 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Роден во јули, 1984 година, во Скопје, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и се стекнал со звање Дипломиран политиколог. Магистрирал на Факултетот за политички науки при Универзитет „ФОН” во Скопје во 2013 година, на насока Европска и меѓународна политика и дипломарија.
Георгиевски има професионално искуство во повеќе државни институции при што од 2008 до 2014 година работел во Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, како и во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот како помошник раководител на Сектор за услуги на инвеститори.
Слично
