Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илијовски: Паркот „Вардариште“ требаше да биде готов во 2020, сега се потребни 30 милиони евра

Илијовски: Паркот „Вардариште“ требаше да биде готов во 2020, сега се потребни 30 милиони евра

Професорот Златко Илијовски од Градежниот Институт Македонија е креатор на фамозната студија според која затворената депонија „Вардариште“ треба да се претвори во терен со  голф терени, парк и расади со рози. Вели дека таа е изработена од 2014, но не може да се реализира поради неодговорни политичари.

Екоактивистите бараат итна изработка и активирање на проектна документација за санација и ревитализација на Вардариште. За тоа е потребно Општина Гази Баба итно да ги изработи и донесе двата Детални урбанистички планови (ДУП) за ‘Вардариште’. Додека проектите не се готови, бараат најитно да се изврши запечатување, оградување, осветлување, 24-часовна чуварска служба и видео надзор. Транспарентно да се известува за секој чекор, со прецизни рокови и конкретни активности за санација и ревитализација.

За „Вардариште“ има изработена физибилити студија за санација од 2014, а Илијовски вели дека во денешно време за концептот да се реализира, се потребни околу 30 милиони евра.

- 2014 беше изготвена студија како почетен иницијативен технички документ со дадени смерници и насоки. Основниот проект е затворање на депонијата, рекултивација, ремедијација и мониторинг. Затворање на депонии е најприменуван концепт за депонии од ваков ранг. во Европа.

Проектната документација ќе беше следна фаза, а потоа и процесот за реализација Согласно студијата, се ќе беше готово за 5 години. Во 2020 ќе имаше парк, зеленило,голф-терени итн.

За решавање на сериозни проблеми, потребна е сериозна држава и одговорни посветени политичари. 15-20 милиони евра бепше тогашната проценка за трошокот,  а сега е 25-30 милиони евра, што не треба да биде недостижна сума за граѓаните. Еве сега нема активен пожар, но ваквите депонии континуирано испуштаат гасови,токсини и го загадуваат воздухот, но допираат и до подземните води, рече Илијовски во утринската емисија на „Телма“.

Слично

Поврзани вести