Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Јовановски: Осум негователки ќе работат по 12 часа и ќе бидат платени од донатори

Илија Јовановски: Осум негователки ќе работат по 12 часа и ќе бидат платени од донатори

Илија Јованоски, градоначалникот на Прилеп, кој како лекар волонтира во Општата болница „Борка Талески“, вели дека помогнал да се ангажираат осум негователки на Инфективното одделение, а би работеле по 12 часа и нивниот труд би бил платен од приватни донатори-компании од градот.

„Сите работат многу, преоптоварени се, персоналот не може секаде да стигне. Во првите денови од моето волонтирање забележав дека поради таа оптовареност и презафатеност, недостига медицинска нега. Помогнав да се ангажираат осум негователки, по две во смена, посветени на нега на немоќни пациенти. Работат во смена од 12 часа. Надоместокот за нивната работа ќе биде обезбеден од донации на економски субјекти од општината, за битката со Ковид-19“, вели Јованоски за ДВ.

Градоначалникот се надева дека преку донатори ќе биде обезбедена и нова бројка на потребни монитори на кои се следи состојбата на пациентите - работата на срцето, притисок, пулс, сатурација.

Јованоски дванаесет дена волонтира по неколку часа на ден на Инфективнтоо одделение во Општата болница - Прилеп.


Слично

Поврзани вести