Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски загрижен за повлеченото Охридско езеро - имало и други сушни години, но вака не било

Илија Димовски загрижен за повлеченото Охридско езеро - имало и други сушни години, но вака не било

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, викендов е во Охрид, веројатно туристички, но тој сериозно се загрижил за спуштеното ниво на водата во Охридското езеро.
Направил и две фотографии кои покажуваат низок водостој во езерото.
„Охридското езеро не го паметам поповлечено и пожално од сега...

Имало и други сушни години, но вака не било...

Државата има повеќе надлежни институции и министерства за ова, некој мора да се ангажира.

Срамота!

Има ли некој да каже кој и зошто ги испразни езерата по течението на Дрим?

Има ли некој да праша?“, напиша Димовски на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести