Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЛИЈА ДИМОВСКИ СООПШТИ: Катица Јанева побарала апанажа

ИЛИЈА ДИМОВСКИ СООПШТИ: Катица Јанева побарала апанажа

Екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот  „Рекет“, побарала апанажа. 

Ова го соопшти првиот човек на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски. Катица Јанева барањето го доставила преку нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

Се работи за едногодишна исплата што им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат. 

На Комисијата за избори и именување денеска меѓу точките на дневен ред е и разгледување на барањето за апанажа за 12 месеци за Јанева. 

Таа беше приведена при крајот на август. Апелација на почетокот на месецот ја одби жалбата со која Јанева бараше да излезе од притвор. 

Слично

Поврзани вести