Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски со совет до ВМРО-ДПМНЕ: Откажете се од вашиот собраниски потпретседател

Илија Димовски со совет до ВМРО-ДПМНЕ: Откажете се од вашиот собраниски потпретседател

Илија Димовски, доскорешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, ја повика најголемата опозициска партија да се откаже, односно да го повлече својот потпретседател во Собранието, и со еден потег да се заработат политички поени во јавноста.

„ВМРО-ДПМНЕ не треба да предложи свој кандидат за потпретседател на Собранието... Доколку сме сериозна партија која има намера да опстои на своите принципиелни критики, ВМРО-ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиката на јавноста за непотребно големиот број на потпретседатели, сама треба да се откаже од тоа место кое и следува и дополнително, да ги повика сите партии кои си направиле пазар за овие функции да го сторат истото“, напиша Димовски на Фејсбук.

Собранието вчера изгласа одлука, спикерот Талат Џафери да има дури пет заменици. Опозицијата смета дека пет потпретседатели е премногу и само создава дополнителни финансиски трошоци, особено во време на епидемијата кога земјава се справува со корона вирусот, бидејќи потпретседателите на платата од 60.000 денари добиваат плус 20.000 денари за заменичкото место.

Во претходниот собраниски состав, Џафери го заменуваа Горан Мисовски, Фросина Ременски, Зекир Рамчиловиќ и Весел Мемети, но само Мисовски раководеше со една од пленарните седници. 



Слично

Поврзани вести