Илија Димовски си го доби назад пасошот
Судот ја укина мерката на претпазливост за пратеникот, Илија Димовски.
Апелацискиот суд во Скопје донел одлука да ја уважи жалбата на обвинетиот пратеник Илија Димовски да му ги врати пасошите. Ова стои во извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство што беше објавен вчера.
„Постапувајќи по жалбата на обвинетиот Илија Димовски, Апелациониот суд на нејавна седница одржана на ден 19.10.2018 година донесе решение КСЖ-636/18 со кое жалбата на обвинетиот Илија Димовски изјавена лично, се уважува со што мерката претпазливост – привремено одземање на патна исправа се укинува, а на обвинетиот Илија Димовски му се враќаат одземените патни исправи“, се наведува во извештајот.
Во извештајот нема образложение зошто на пратеникот му се вратени пасошите.
Тој бараше да му бидaт вратен пасошите и во 2017 година, но Апелација го одби.
Димовски е обвинет во предметите на СЈО за изборна измама „Титаник“ и во „Талир 1“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Поради службено патување како пратеник во Собранието, е одложено едно од рочиштата за предметот „Талир“.
