Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски сепак е меѓу предлагачите на предлог-законот за амнестија

Илија Димовски сепак е меѓу предлагачите на предлог-законот за амнестија

Илија Димовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, ја демантираше веста дека не е меѓу предлагачите од опозицијата на предлог-законот за амнестија кој се најде на собраниската агенда на 26 ноември.

„Испраќам демант во врска со веста објавена на 19.11.2018 година на порталот faktor.mk со наслов „ Предлог-законот за амнестија поставен на собраниска агенда, Рангелова и Димовски не се меѓу поднесувачите“.

Со оглед на тоа што се работи на лажна вест барам од порталот извинување и истата вест да биде повлечена и јавно демантирана“, гласи барањето на Димовски.

Фактор се извинува за ненамерната грешка и во прилог ги објавува оригиналните потписи на пратениците од опозицијата кои се предлагачи на законот за амнестија на инволвираните за време на упадот во Собранието на 27 април.


Слично

Поврзани вести