Илија Димовски се јави откако не се најде на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ: Државата мора подобро да функционира
Илија Димовски за прв пат се огласи во јавност откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ не се најде на кандидатските листи на својата партија за парламентарните избори кои барем засега треба да се одржат на 12 април и побара подобро и покреативно функционирање на државните органи и служби во тековната ситуација.
Димовски смета дека нивното работење е премногу пасивно и дека го сведуваат само на забрани и откажувања. Некои од одлуките, како што пишува тој, треба да ги донесе и Собранието кое во моментов е распуштено.
„Во моментов недостасува малку поголема храброст во одлуките на највисокиот државен врв...Се надевам дека има причини и согледувања кои не ги знаеме...Но, државата мора да:
1. Воспостави понормално функционирање на економијата;
2. Понормално функционирање на администрацијата;
3. План за образовниот процес;
4. Функционалност на државните органи;
5. Да спреми ребаланс на Буџет;
6. Да измени закони за да даде поголема мобилност на здравствените власти;
7. Да воспостави политички односи кои ќе градат максимално можна доверба во институциите;
8. Да планира даночни ослободувања за компаниите и граѓаните;
9. Да пронајде систем на намалување на паничноста помеѓу граѓаните;
10. Да спроведе план за максимална грижа кон ранливите категории (постари лица, хронично болни и слично).
Државата треба да е спремна за лоши сценарија, а заедно да се радуваме ако ги избегнеме заради ум и разум...

