Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски се израдува за Чешка и Словачка - Нема предавање, да живее борбата за Македонија

Илија Димовски се израдува за Чешка и Словачка - Нема предавање, да живее борбата за Македонија

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, се израдува по блокирањето на усвојувањето ба заклучоците за проширувањето на Западен Балкан во Советот на ЕУ, кои не се согласуваат со текстот на нацртот кој се однесува на земјава. 
„Чешка и Словачка со најава за вето за Бугарија...

Бравооооооо....

Ова е заради обидот за "бугаризација" на св.Кирил и Методиј...

Нема предавање!

Да живее борбата за Македонија!“, објави Илија Димовски на својот фејсбук профил.

Како што напишавме, Чешка и Словачка го блокираа усвојувањето на заклучоците за проширување на Западен Балкан во Советот на ЕУ бидејќи не се согласуваат со текстот во нацртот кој се однесува на Северна Македонија.

Овие заклучоци за процесот на проширување вчера ги усвои Европската унија на ниво на амбасадори. Двете земји-членки не ставија министерски потпис со што заклучоците не ја поминаа процедурата за писмена потврда од секоја од членките.

Причината  на Чешка и Словачка за одбивањето да се стави потпис на заклучоците е вметнувањето во заклучоците на реченицата за „погрешно толкување на историја“.

За Словачка и Чешка со вметнување на оваа реченица се нарушува кредибилитетиот на ЕУ кон земјите-кандидати и кон идните канидидати, но и кон процесот на проширување воопшто, а сметаат дека може да предизвика проблеми и внатре во самата Унија.

Овие земји сметале дека премногу и се попушта на Бугарија.

Слично

Поврзани вести