Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски опоменат за „Талир“

Илија Димовски опоменат за „Талир“

Пратеникот Илија Димовски денеска беше опоменат на денешното рочиште за случајот „Талир".  Судијата Осман Шабани на обвинетиот му изрече јавна опомена во отсуство. Следното рочиште за нелегалното уплаќање на средства на сметката на ВМРО-ДПМНЕ е закажано за 13 декември. 

Димовски не беше присутен на денешното рочиште а претходно не го известил судот за причината. Шабани рече дека е последен пат да дозволи одложување на рочиштето. Ниту претседателот на Собранието, Талат Џафери, не го известил судот дека Димовски има неодложни обврски како пратеник.

„Ова е псоледен пат да дозволам одложување на овој предмет. Максимално сум коректен, ама гледам дека ова се злоупотребува. Да му пренесете на Илија Димовски да заборави на одложувања во иднина“, рече пред присутните судијата Шабани..

Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.



Слично

Поврзани вести