Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски: Образложението на Атина за твитот на Заев е глупаво и смешно

Илија Димовски: Образложението на Атина за твитот на Заев е глупаво и смешно

Илија Димовски, поранешниот партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека заканата од Атина дека ќе го стопира изгласувањето на меморандумите поврзани со Преспанскиот договор поради твитот на премиерот Зоран Заев во кој напишал „македонската фудбалска репрезентација“ е, како што вели тој, глупаво и смешно образложение. 

Зад тоа се крие здружената намера на Арина и Софија да прикажат дека Скопје не ги почитува билатералните договори. Според поранешниот пратеник, во целата фама се крие поддршка за Софија за да не испадне дека Бугарија е единственото „лошо момче“ кое ја блокира евроинтеграцијата на Македонија по вчерашното вето на Советот на министрите во Луксембург.

„Скоро ниту еден медиум во Македонија не ја пренесе веста од пред една недела дека грчкиот амбасадор во Софија, после средба во МНР на Бугарија, изрази разбирање за бугарската позиција по однос на Република Македонија...

Веројатно, така ни е полесно да не си ја рушиме сликата дека "еве само што не е биднат датумот", а и кај дел од нас дека "ние се сме направиле, другите се криви"...

Старите рекле: "од своја глава си патиме"...

Денес Атина најави стопирање на одредени меморандуми со Република Македонија, односно стопирање со имплементација на делови од Преспанскиот договор, со глупаво и смешно образложение за некаков твит на Зоран Заев...

Улогата на Атина од денес е да и помогне на Софија да не биде перцепирана како кривец, туку да ја пренесе вината во Скопје.

Република Македонија треба да биде отсликана како држава која не ги почитува меѓународните договори, ниту тој со Бугарија, но ниту тој со Грција“, пишува Димовски во дел од својот статус на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести