Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски: Не ви е сеедно што ќе се смени името

Илија Димовски: Не ви е сеедно што ќе се смени името

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски реплицирајќи кон колешка од СДСМ денеска во Собранието рече дека не им е сеедно што името на државата ќе се смени и што ќе се откажеме од грижата за нашето малцинство. 

„Ништо не почнало од нас и нема да заврши со нас. Не си земајте некоја историска улога“ - рече Димовски. 

Неговиот колега Влатко Ѓорчев праша кои се тие ризици ако не се прифати Договорот со Грција, јавно да се каже, а не како што вели се зборува по ходници дека ризици има. 

Ирена Стефоска од СДСМ ги праша дали имаат алтернатива и наведе дека многу добро се сеќава на минатото во Македонија, што се случувало и не сака тоа да се повтори. 

Седницата за уставни измени продолжува утре во 11 часот. 

Слично

Поврзани вести