Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски: Македонија не влегува во ЕУ додека не влезе Косово

Илија Димовски: Македонија не влегува во ЕУ додека не влезе Косово

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во својот денешен статус на Фејсбук, меѓудругото, по онлајн Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Загреб заклучува дека Македонија нема да стане полноправна членка се додека тоа не им успее на Косово и БИХ. Димовски тврди дека Македонија ќе стане официјален член во Брисел само заедно во пакет со сите останати замји од Западен Балкан.

„Трето, МНОГУ ЗНАЧАЈНО, од оваа декларација, а и од повеќе претходни документи и иницијативи (како онаа за мал шенген) станува јасно дека земјите од Западен Балкан може да се надеваат на полноправно членство во ЕУ само во пакет сите земји заедно.
Брзината на членство нема да зависи од најбрзиот (Србија), туку од најбавниот (Косово).
Секако без да се решат односите помеѓу Македонија и Бугарија, Македонија и Грција, Србија и Косово, Србија и Албанија, Србија и Романија (минорен, но присутен црковно-малцински спор), Босна и Косово, Босна и Србија, Босна и Хрватска, Црна Гора и Србија нема да има членство за ниту една од овие држав“, напиша Димовски.

Опозиционерот тврди дека Македонија нема да може да ги заобиколи политичките барања од Бугарија на патот кон ЕУ.

„Да бидеме на јасно, без решавање на државниот статус на Косово, внатрешното државно уредување на Босна и Херцеговина и нејзините односи со соседите и историските и идентитетски прашања на Македонија нема членство за никого.
Дали е тоа лесно и возможно, дали е брзо и спроведливо размислете сами“, додава Димовски.

Слично

Поврзани вести