Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски го користеше името Македонија во Атина

Илија Димовски го користеше името Македонија во Атина

Го користам името Македонија, но внимавам да не создадам момент на провокација кон кој било колега од земјите членки, со што, можеби, би ѝ наштетил на сопствената држава. изјави за „Независен весник“ опозицискиот пратеник Илија Димовски, кој е деновиве мошне активен како претставник на македонското Собрание на состаноци поврзани со процесот на ратификацијата на пристапниот протокол за Република Северна Македонија во НАТО.

Toj вели дека НАТО и ЕУ - перспективата се стратешки правец на ВМРО-ДПМНЕ од самото нејзино создавање.

Димовски е во Атина, каде што како шеф на делегацијата на Собранието на Северна Македонија во Парламентарното Собрание на НАТО, ќе учествува на состаноците на Политичкиот комитет и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста,  што почнуваат денеска, а ќе траат до 6 март. Во Атина е и пратеничката на СДСМ, Катерина Кузмановска.

Слично

Поврзани вести