Илија Димовски: Да се укинат казните и ограничувањата
Поранешниот пратеник Илија Димовски побара да се укинат казните и ограничувањата на државата поврзани со пандемијата, затоа што таа не им обезбедила истовремено вакцинирање против Ковид-19 на граѓаните.
„Да престанат сите казни и ограничувања спрема граѓаните, фирмите и правните субјекти се додека државата не набави вакцини. Не може сите да бидат казнувани и ограничувани ако не си ја исполнат својата обврска, а државата да биде имун и да биде заштитена.Со Короната, единствен фактор кој целосно и комплетно не е на ниво на опасноста, не се ни фирмите, ни граѓаните, државата е!“, напиша поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски својот предлог го образложува со тоа дека државата не си ја обавува со Устав и закон дадената обврска да се грижи за здравјето на граѓаните.
Слично
