Илија Димовски: Благој Ханџиски и Марјан Ѓорчев да ги водат преговорите со Бугарија
Долгогодишниот пратеник Илија Димовски предлага актуелниот и претходниот амбасадор на Македонија во Софија - Марјан Ѓорчев и Благој Ханџиски, да ги водат преговорите со Бугарија за надминување на спорот.
„Република Македонија во Софија секогаш имала прекрасни и мудри луѓе за амбасадори, луѓе кои се ерудити, интелектуалци...Двајца од нив, за жал, повеќе не се помеѓу нас, Љубиша Георгиевски и Абдурахман Алити...
Но, последните двајца се живо интелектуално богатство за Македонија...Луѓе кои не само што се експерти во своите области, туку се и извонредни познавачи на македонската историја и борбата на македонскиот народ за своја културна и јазична самобитност..
Професорот Благој Ханџиски и господинот Марјан Ѓорчев оставиле траен траг во градењето на македонската држава во деведесетите, едниот како генерален секретар на СДСМ, другиот како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...
Да предложиме на Владата, ако сакаме доверба, градење на национална позиција, интелектуална силина и храброст, токму овие двајца луѓе да ги водат разговорите со соседна Бугарија...Да видиме дали Владата и Собранието сакаат квалитет, ум, мудрост и патриотизам, или сакаат гол политички натпревар. Да покажеме еднаш дека знаеме да се обединиме и да градиме национална стратегија“, напиша поранешниот пратеник на својот профил на Фејсбук.
Бугарија вчера го блокираше донесувањето на преговарачката рамка за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија, поради неисполнување на нивните барања во билатералните спорови.
Слично
