Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски без присуство во салата избран за претседател на Комисијата за избори и именувања

Илија Димовски без присуство во салата избран за претседател на Комисијата за избори и именувања

Пред малку почна седницата на собранието на која се се избираше претседател и членови на комисија за избор и именувања при што заврши маратонската седница која почна на 30 декември и ќе остане запаметена по организираниот напад во Собранието и крвавите настани од 27 април.

Со 62 гласа „за“ избрана е Комисијата за избори и именувања чиј претседател е Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, но тој не беше во салата. 

Со 98 гласа за пак е изгласана точката за формирање на работни тела.

ВМРО-ДПМНЕ во таа комисија има 6 члена, СДСМ петмина и по еден пратеник од ДУИ и БЕСА.

За денес на „менито“ на дневниот ред се закажани три седници.

Точно напладне продолжува расправата за предложената програма на новата влада, која ја образложи мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев и предлогот за членови на идниот кабинет за што, според Деловникот, мора да се гласа до полноќ.

Заев вчера, првиот ден на седницата, порача дека приоритети на новата влада ќебидат економскире реформи, евроатлантските интеграции и подобар живот за сите граѓани на Македонија.

За да биде избран за премиер и идните членови на владата треба да гласаат најмалку 31 пратеник, од вкупно 120.

Поддршка за формирање на парламентарно мнозинство дадоа три албански партии ДУИ, Алијанса за Албанците, и БЕСА, со тоа што БЕСА одби да учествува во власта, па коалицијата собрана околу СДСМ ќе има мнозинство од 62 пратенички гласа.

Слично

Поврзани вести