Илиевски: Утре ќе се собереме во најголем број и ќе маршираме до Собранието
Од денешниот протестен марш предводен од „За заедничка Македонија“ беше побара утре народот масовно да излегол за да се спротистави на плановите составени во албанската платформа која ја сметаат за главна закана за унитарниот карактер на земјата.
„Затоа е многу важно тој народ, народот ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, народот за мултиетничко општество, а не за бинационална, федерална држава, утре во 17:00 часот пред Владата да бидеме сите до еден и да маршираме до собранието. Има многу такви кои мислат дека можат да не излажат, но вистината навистина е како шило, денес и од самиот Зијадин Села ја слушнавме платформата за која не убедуваат дека не постои и би сакале да не убедат и нас дека не постоиме како што тоа до сега го правеа, затоа утре ќе се собереме во најголем број“ порача Богдан Илиевски.
Ова е 31-ви ден по ред како се одржуваат протестни маршови низ Македонија.
